Академија за Web Програмирање

ПРЕГЛЕД
Целта на Академијата за Web Програмирање е да ги трансформира учесниците во професионални, full-stack Web програмери. Преку супер-интензивна 35 неделна програма + 8 недели довршување на финалниот реален проект, симулација на вистинска работа и изработка на 3 реални Web апликација, се навлегува длабоко во програмерската логика, од програмскиот јазик па сѐ до бизнис стратегијата на апликацијата. На крајот од Академијата учесниците ќе имаат изработено од почеток, 3 комплетно функционални Web страни на кои ќе се гордеат и ќе ги лансираат како готови Web решение. 
По завршувањето на Академијата започни нова кариера како програмер, вработи се во некоја од нашите партнерски компании или започни твој бизнис.
Апликацијата која ја изработија учесниците од минатата Академија за Web Development можеш да ја видиш тука.

Последните 3 проекти на нашите студенти
МоеCV е бесплатна алатка за креирање на онлајн портфолио од учесниците на Академијата за програмирање, за заедницата. Од хакатонот на учесниците на Академијата за Web Development Бранко, Саше и Алмедин, произлезе овој проект кој ќе го промени начинот на подготовка на апликација за работа. 
Платформа преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера. Тимот кој го работеше проектот: Aнгела, Александар, Јордан, Александар
komunicira.me е целосно изработена апликација од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Оливер Божиновски, Горан Воиновски, Панче Димовски и Марко Доновски. Изработена е во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија и претседателот Васко Марков.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
За оние кои сакаат промена во кариерата
Не си задоволен од она што го работиш, од секогаш си сакал/a да бидеш програмер но не знаеш од каде да почнеш? Никогаш не е доцна за да започнеш нова и успешна кариера.  
За амбициозни претприемачи
Имаш бизнис идеја, се обидуваш да креираш твој производ и Web апликацијата е неизбежен дел? Научи да програмираш и постави ги темелите за твојот нов бизнис.
Почетници во кодирање
Не е потребно претходно искуство со програмирање. Од нашите учесници бараме љубопитност, посветеност и решителност за постојано учење. Ако сакаш да научиш да создаваш Web апликации од 0, оваа програма е за тебе. 
Професионален развој
Работиш со програмери и сакаш да го разбереш нивниот јазик? Оваа академија ќе ти овозможи унапредување и развој на твојот бизнис.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Web Развој
Што значи целиот код и како се пренесуваат дизајнот и функционалностите на самиот уред.
HTTP
Како тече комуникацијата помеѓу опслужувачот и клиентот, кој функционира на принцип барање - одговор.
HTML5 and CSS3
Како да ја изградиш и да го добиеш посакуваниот изглед и динамики на Web страната.
Javascript, jQuery & AJAX
Како да манипулираш со елементите на Web страната, како и со податоците што ќе ги содржи твојата база на податоци.
Git
Како да работиш во тим кој што е задолжен за еден ист проект, притоа секој да го има истиот код на својот уред.
SQL
Како правилно да ги организираш и да раководиш со податоците кои што ќе ги содржи Web страна.
PHP
Како да пишуваш скрипти кои ќе ти момогнат за градење на динамички страни, односно како да ги поврзеш изгледот на страната со податоците од базата кои се потребни.
Laravel
Како да градиш Web апликации користејќи ја MVC (model-view-controller) архитектурата.
ПРОГРАМА
Запознавање со програмата
1. Дефинирање на целите
2. Историја на програмирање и објаснување на технологиите кои ќе се користат
Инсталирање на потребните алатки
1. Инсталирање на Sublime 
2. Работење во тимови (Git versioning)
3. Запознавање со концептите и технологиите (OOP, PHP, Laravel) 
4. Инсталирање на LAMP (Linux, Apache, MySQL, PHP)
GIT
1. Basic command line commands
2. Creating a new project with Git
3. Cloning, branches, merging
4. GitLab
HTML
1. Intro - Explaining what HTML is all about ?
2. Most used HTML tags
3. Meta tags
4. Tables
5. Lists
6. Forms
7. HTML Best Practices
CSS
1. Intro - Why do you use CSS?
2. Text properties
3. CSS Units
4. Box Model
5. Background-properties
6. Positioning, float
7. Media queries
8. CSS Best Practices
Bootstrap
1. Intro - Why do you use Bootstrap?
2. Grid (Rows, Columns, FlexBox)
3. Basics (Typography, Text-alignment, Floats, Breakpoints)
4. CSS Components (Buttons, List groups, Forms, Input groups, Tables, Pagination)
5. JavaScript Widgets (Carousel, Tooltip, Collapse, Popovers, Modals)
6. Bootstrap Best Practices
MySQL
1. Intro - Why do you use MySQL?
2. SQL commands
3. MySQL queries
4. CRUD operations
5. ER Diagram
PHP
1. Introduction to algorithms
2. Basic algorithms in PHP
3. OOP and PHP
4. HTTP/S
5. PHP and MySQL
6. Common web concepts (Cookies, Sessions)
7. Web Security
8. Adding authentication to your PHP Web application
Advanced programming concepts
1. More OOP and PHP
2. Design Patterns
3. MVC
4. Frameworks (Laravel)
Прв реален проект
1. Време за правење на проектот: 2 недели
Laravel недела 1
1. The Laravel ecosystem
2. Composer and Artisan
3. The main concepts behind Laravel
4. Eloquent
Laravel недела 2
1. Design patterns in Laravel
2. Models
3. Commands
4. Repositories
5. Events
Laravel недела 3
1. Practical examples and best practices
2. REST / CRUD
3. Controllers
4. Routing
5. Middlewares
6. APIs
Втор реален Проект
1. Време за правење на проектот: 4 недели
Laravel недела 4
1. Error handling
2. Views - Blade
3. Connecting the dots
4. Workshops: Convert your pure PHP into Laravel web application
JavaScript
1. Intro - The power of JavaScript, and why should you use it ?
2. Syntax, variables
3. Conditions
4. Loops
5. Functions
6. JavaScript Best Practices
jQuery
1. Intro - Why should you use jQuery?
2. Syntax
3. Selectors (Basic selectors, Content filters, Child filters)
4. Attributes/CSS (Attributes, Data, Offset, Width/Height)
5. Manipulation (DOM Insertion, Removal, Replacement)
6. Traversing (Filtering, Tree Traversal)
7. Events (Browser Events, Form Events, Mouse Events, Keyboard Events)
8. Effects (Basic, Custom, Sliding, Fading)
9. jQuery Best Practices
AJAX
1. Intro - Why should you use AJAX and how AJAX works?
2. XMLHttpRequest Object
3. Sending request to a server
4. Getting response from server
5. AJAX Best Practices
Трет реален проект
1. Време за правење на проектот: 8 недели
Practice
1. Weekly goals and challenges
2. Q&A sessions with mentors
3. Workshops
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ АКАДЕМИИ
Александар Трајковски
Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Platin Gaming. Прочитај ја неговата успешна приказна тука.
Алек Јаневски
Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Bright Box. Прочитај ја неговата успешна приказна тука.
СТАНИ WEB ПРОГРАМЕР
НАУЧИ ОД ЕКСПЕРТИ
Добиј менторство и инструкции од професионални Web програмери.
Биди еден од оние 4000+ луѓе кои успешно поминале низ нашите програми.
ИЗРАБОТУВАЈ ВИСТИНСКИ АПЛИКАЦИИ
Учи да програмираш додека градиш вистински Web апликации.
Навлези длабоко во програмерската логика преку симулирање на реална работа.
ВРАБОТИ СЕ
Добиј помош при вработување од нашиот кариерен тим и добиј шанса да се вработиш во една од нашите партнерски IT компании.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Академијата која започнува во април 2018 година е пополнета. Следната Академија ќе започне во октомври 2018. Часовите се одржуваат 3 пати во неделата, започнуваат во 17.30 часот и траат до 21.00 часот во просториите на Brainster во Центарот на Скопје.
Аплицирај во најкус можен рок бидејќи академијата ќе ја следат само 16 учесници, а процесот на селекција ќе заврши кога ќе се пополни групата.

Нашите партнери овозможуваат 6 делумни и една целосна стипендија за оние кои први ќе аплицираат и ќе бидат избрани да учествуваат.
35 недели + 8 недели довршување на финалната веб апликација. Цена 1750 евра, со плаќање на дел од сумата по вработувањето. Опции за плаќање на 6 рати без камата.
©2016 [codepreneurs]
Контакт:
070/384728
E-mail: contact@brainster.co