Академија за Програмирање на Android мобилни апликации

ПРЕГЛЕД
Целта на Академијата за Програмирање на Android мобилни апликации  е да ги трансформира учесниците во професионални, Android програмери. Преку супер-интензивна 26 неделна програма на која се изработуваат вистински апликации и се симулира реална работа, се навлегува длабоко во програмерската логика, од програмскиот јазик па сѐ до бизнис стратегијата на апликацијата. На крајот од Академијата учесниците ќе имаат изработено од 0, комплетно функционална Android мобилна апликација на која ќе се гордеат и ќе ја лансираат како готово решение. 
По завршувањето на Академијата започни нова кариера како програмер, вработи се во некоја од нашите партнерски компании или започни твој бизнис.
Последните 3 проекти на нашите студенти
МоеCV е бесплатна алатка за креирање на онлајн портфолио од учесниците на Академијата за програмирање, за заедницата. Од хакатонот на учесниците на Академијата за Web Development Бранко, Саше и Алмедин, произлезе овој проект кој ќе го промени начинот на подготовка на апликација за работа. 
Платформа преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера. Тимот кој го работеше проектот: Aнгела, Александар, Јордан, Александар
komunicira.me е целосно изработена апликација од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Оливер Божиновски, Горан Воиновски, Панче Димовски и Марко Доновски. Изработена е во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија и претседателот Васко Марков.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
За оние кои сакаат промена во кариерата
Не си задоволен од она што го работиш, од секогаш си сакал/a да бидеш програмер но не знаеш од каде да почнеш? Никогаш не е доцна за да започнеш нова и успешна кариера.
За амбициозни претприемачи
Имаш бизнис идеја, се обидуваш да креираш твој производ и мобилна апликација и мобилна апликација е неизбежен дел? Научи да програмирање и постави ги темелите за твојот нов бизнис.
Почетници во кодирање
Не е потребно претходно искуство со програмирање. Од нашите учесници бараме љубопитност, посветеност и решителност за постојано учење. Ако сакаш да научиш да создаваш мобилни апликации од 0, оваа програма е за тебе.
Професионален развој
Работиш со програмери и сакаш да го разбереш нивниот јазик? Оваа академија ќе ти овозможи унапредување и развој на твојот бизнис.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Android програмирањето е една од најбараните вештини денес.  Повеќе од 1 милјарда Android уреди се продадени само во 2016 година. Поради тоа се повеќе и повеќе компании бараат Android програмери и платите на овие програмери се во постојан пораст како во Македонија така и надвор. Оваа програма ја креиравме поради потребата на македонските компании од квалитетни Android програмери и истите со нетрпение чекаат да обучиме нова група на Android програмери.
На програмата ќе научиш се што ти е потребно за да креираш сопствена мобилна апликација од 0. Преку практичи примери и градење на вистински апликации ќе учиш: Java, XML, Android Studio + SDK, Material Design, SQL, HTTP, REST, APIs и други професионални вештини. 
Учесниците ќе имаат шанси да пратворат една идеја во вистинска мобилна апликација и веднаш да почнат да го надградуваат своето портфолио.
ПРОГРАМА
Section 1: Introduction to Android
What is Android / History
Android Framework Overview
Section 2: Presenting of the Project
Presenting the final project and getting acquainted with the activities
Section 3: Tour of Android Studio
Tour Android Studio
Section 4: Business Card App
Intro to XML
Intro to Layouts
Intro to Activities
Adapters and AdapterViews
Images, Icons, Styles and Themes
Business Card App
Section 5: Concerts App Part 1
Concert Apps Intro
Using the Bandsintown API and JamBase APIs
HTTP Requests
RecyclerView
Concert Detail Activity
App Bar
Fragments
Section 6: Concerts App Part 2
Persisting Data with Shared Preferences
SQLite3 and ADB (Android Debug Bridge)
Concerts Database
Content Provider
Loaders and Cursor Adaptors
Search Dialog
Section 7: Concerts App Part 3
Services, Local Broadcasts
Alarms, Notifications
Job Scheduler
Sync Adapter
Firebase Cloud Messaging
Settings
Custom Views
Section 8: Concerts App Part 4
Material Design
StateListDrawables
Transition Animations
App Widgets
Section 9: Publishing and Distribution
Building App Flavors and a Release .apk
Google Play Store and Developer Console
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ АКАДЕМИИ
Александар Трајковски
Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во GSIX
Алек Јаневски
Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Bright Box
СТАНИ ANDROID ПРОГРАМЕР
Научи од експерти
Добиј менторство и инструкции од професионални Android програмери. 
Биди еден од оние 4000+ луѓе кои поминале низ нашите програми.
ИЗРАБОТУВАЈ вистински апликации
Учи да програмираш додека градиш вистински мобилни апликации. 
Навлези длабоко во програмерската логика преку симулирање на реална работа.
Вработи се
Добиј помош при вработување од нашиот кариерен тим и добиј шанса да се вработиш во една од 30те партнерски IT компании.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Академијата започнува во октомври 2018 година, часовите се одржуваат 3 пати во неделата, започнуваат во 17.30 часот и траат до 21.00 часот во просториите на Brainster во Центарот на Скопје.
Аплицирај во најкус можен рок бидејќи академијата ќе ја следат само 15 учесници, а процесот на селекција ќе заврши кога ќе се пополни групата.

Нашите партнери овозможуваат 6 делумни и една целосна стипендија за оние кои први ќе аплицираат и ќе бидат избрани да учествуваат.
26 неделни академии за програмирање: 1750 евра, со плаќање на дел од сумата по вработувањето. Опции за плаќање на 6 рати без камата.
©2016 [codepreneurs]
Контакт:
070/384728
E-mail: contact@brainster.co