НАШАТА ПРИКАЗНА
Со цел да ти помогнеме да станеш не само програмер, туку и успешен програмер - претприемач, склучивме соработка помеѓу Brainster и GSIX. Brainster веќе обучија повеќе од 2000 учесници, заедно со наградуваниот тим на професионалци на GSIX, која е една од најиновативните ИТ компании во регионот, и опслужува повеќе од 20 милиони корисници од целиот свет.
Brainster е платформа за офлајн курсеви каде можеш да научиш програмирање, дизајн, маркетинг и бизнис. Нашата визија е да го претвориме целиот град во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент. Brainster ти овозможува активно да учествуваш во градењето на локалната 2.0 заедница, да се вмрежиш со луѓе со слични интереси, да креираш, да го споделуваш твоето знаење и да учиш од другите.
GSIX е компанија фокусирана на развој на иновативни софтверски решенија. Она што GSIX ја издвојува на пазарот е разноликоста на тимот и спојот на претприемачкото и инженерското при решавање на проблемите. Комапнијата е специјализирана во делот на развој на продукти кои имаат потенцијал да функционираат во светски размери, а доказ за тоа е портфолиото на решенија со повеќе од 20 милиони крајни корисницци.
©2016 [codepreneurs]
Контакт: 070/384728
маил: contact@brainster.co